Политика на колачиња / Politika e biskotave

Оваа политика за колачиња на нашата веб-страница lekovita.mk објаснува што се интернет колачиња, какви видови колачиња користиме, како и за што ги користиме, кои информации се собират со нив, за што се користат тие информации и како можете да ги подесувате преференциите на колачињата.

 

ШТО СЕ ИНТЕРНЕТ КОЛАЧИЊА ?

Колачиња се мали текстуални датотеки што се користат за складирање на одредена информација. Тие се сместуваат во вашиот уред (прелистувач) кога ја посетувате нашата веб-страница. Овие колачиња ни помагаат веб-страницата да функционира нормално, да ја направиме побезбедна, функционална и да разбереме како работи истата. Да анализираме каде има грешки и каде има потреба за подобрување.

КОИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА КОРИСТИМЕ ?

Нашата веб-страна користи есенцијални колачиња, статистички колачиња и колачиња за преференции:

Есенцијалните колачиња се претежно неопходни за нашата веб-страна да функционира на вистински начин и да е заштитена. Тие не собираат никакви ваши лични податоци.

Колачињата за статистика што се користат на нашата веб-страница служат за да се анализира ефикасноста на веб-страницата и начинот како комуницирате со истата, за подобрување на нашите услуги, за обезбедување подобри информации и содржини што се релевантни за вас, едноставно да ви обезбедуваме и понудиме подобар пристап како корисник.

Колачињата за преференции, се користат за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ?

Ние користиме есенцијални колачиња, за целосна функционалност на нашата веб-страница.

Овие колачиња се неопходни за да може да ја искусите целата функционалност на нашата страница. Овие колачиња овозможуваат веб-страницата да е постојано активна, сигурна и да се спречи било каков неавторизиран пристап или нехумано дејство врз истата.

Колачиња за анализа и статистика, за подобрување на услугите во нашата веб-страница.

Овие колачиња (Google Analytics) ги собират следниве информации како што се број на посетители, страници и постове кои се посетени, извор на посетата, времетраење на посетата, честотата на недостапност на веб-страницата, вид и модел на уредот со кој се пристапува, вид на оперативен систем, вид на пребарувач и верзија, јазик на пребарувачот, држава и град од каде се посетува веб-страницата итн. Овие податоци ни помагаат да разбереме и анализираме колку добро работи веб-страницата, колку се вреднува нашиот труд и каде има потреба за подобрување.

Колачиња за преференции, за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

Овие колачиња ни помагаат да ги зачуваме вашите поставки и преференции на прелистување, за да имате подобро и ефикасно искуство при идните посети на нашата веб-страница.

КОНТРОЛИРАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА !

Информациите собрани во нашата страница lekovita.mk со помош на интернет колачињата , не се користат за Ваше лично идентификување. Доколку сакате, овие колачиња може да ги блокирате или избришете, но во тој случај некои карактеристики и функционалности на веб-страницата можеби нема да функционират правилно.

Сите видови на интернет прелистувачи нудат можност за бришење на веќе меморираните колачиња и секогаш ја имате таа можност да ја користите!