Anella Novamed

 

Change your cover photo
Upload
ANella
Creativity is intelligence having fun &#039
This user account status is Approved

This user has not added any information to their profile yet.

LEKOVITA AUTHOR | BARNAVITA AUTHOR
Joined August 6, 2023
United States

New York

Female
1989

Hardwar University

Manager

To Be Brave, Kind, Smart, Strong, Beautiful, Succeed, Positive, Helpful, Loved, Enough, Happy & Enjoying in Life.

Playing Violin & Piano, Paiting & Dancing, Gardening & Cooking.
<3 The Secret Garden by Frances Hodgson Burnett
Favorite Photo

ДЕФИНИЦИЈА ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ! / PËRKUFIZIM I SHËNDETIT MENDOR!
by Anella Novamed

Здравјето е состојба на целосна психо-физичка и социјална благосостојба,а не само одсуство на болест или слабост. Додека само Менталното здравје е дефинирано како психолошка благосостојба, каде што секоја индивидуа може да го реализира и покажува сопствениот потенцијал. Да може, да се справува со секојдневните животни стресови, вознемирувања, стравови, негативни мисли, чувства и емоции. Да е во состојба и можност, да работи продуктивно и успешно. Да даде позитивен придонес кон заедницата во која припаѓа.

МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВКЛУЧУВА ПСИХОЛОШКА, ЕМОЦИОНАЛНА И СОЦИЈАЛНА БЛАГОСОСТОЈБА.

Добро ментално-емоционално здравје на поединецот, треба да се смета како комплекс полн со добри психосоматски функции, преку кои е во состојба непречено да се бори, справува и прилагодува со сите животни предизвици, да биде активен, оперативен, среќен и полн со позитивна енергија и сила.

ГРИЖАТА ЗА ВАШЕТО МЕНТАЛНО И ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ, НЕ ВЕ ПРАВИ СЕБИЧНИ !

Менталното здравје зависи од тоа како размислуваме, што чувствуваме и како дејствуваме. Исто така, менталното здравје зависи от тоа како се справуваме со секојдневниот стрес, како се однесуваме кон другите, како ги правиме изборите и како донесуваме одлуки. Ментално-емоционалното здравје е важен фактор во секој период од животот, во текот на детството, адолесценцијата и зрелоста.

ДОБРОТО МЕНТАЛНО-ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ ГО ЗАШТИТУВА И ЗАЈАКНУВА ФИЗИЧКОТО ЗДРАВЈЕ, И ОБРАТНО !

Развојот на личноста, претставува динамичен процес што никогаш не завршува. Цел на овој динамичен процес, е стремеж кон се поголема зрелост, зошто колку повеќе личноста се развива, толку повеќе се усовршува. Поимот зрелост е доста широк и подразбира интелектуална, социјална и емотивна подготвеност за прифаќање и усовршување на условите за живот. Во целиот овој динамичен процес е многу важно да се сочува ментално-емоционалното здравје. Бидејќи доброто ментално-емоционално здравје нам ни овозможува да живееме здрав начин на живот, да ги покажуваме нашите способности и потенцијали, и ефикасно да се справуваме со сите животни предизвици.

МЕНТАЛНО-ЕМОЦИОНАЛНАТА ЗДРАВА ЛИЧНОСТ Е СВЕСЕН И ИМА КОНТРОЛА ВРЗ СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ, ЖЕЛБИ, ВЕРУВАЊА И ВРЕДНОСТИ !

Сите критериуми за ментално здравје се поделени на нивоа, кои ја одредуваат менталната состојба на личноста и можната потребна помош за реконструкција и враќање на позитивната ментална-емоционална сила. Постојат високо, средено и ниско ниво на ментално здравје :
ВИСОКО НИВО НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ значи силен ментален и емоционален отпор на личноста кон секојдневниот неочекуван стрес , вознемиреност, страв и животни промени. Креативен пристап кон решавање на секојдневните проблеми, висока ефикасност и реалистичен став кон животот. Една личност со слични квалитети се смета за целосно ментално-емоционална здрава личност.
СРЕДНО НИВО НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ вклучува група на луѓе кои имаат карактеристики од првото ниво на ментално-емоционално здравје, но паралелно чувствуват вознемиреност и неадаптираност кон некои ретки стресни и вознемирувачки случувања во животот. Кај овие луѓе е потребна лесна интервенција за да им се помогне да се справуват со ментално-емоционалната слабост и да бидат насочени кон нови животни цели.
НИСКО НИВО НА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ се луѓе кои имаат тенденција да се прилагодуват кон било какви околности во животот. Тоа се личности кои повеќе се трудат да се прилагодуват со чувството на стрес, вознемиреност и страв отколку да се ослободуват од нив. Овие личности често велат, "Така ми било пишано!". Тие им се спротивставуват на нивните желби, способности и волја. Ваквите психолошки состојби и ментални нарушувања имат потреба од професионална помош, од добар доктор психијатар, бидејќи тие се група на луѓе кои се изложени на голем ризик од стекнување на ментални и емоционални нарушувања и болести.

ПРЕВЕНТИВНАТА ЗАШТИТА ПРИ ЕМОТИВНИ ПАДОВИ И ПОДЕМИ Е МАЈКА ЗА ДОБРО МЕНТАЛНО И ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ !

Превентивата за добро ментално-емоционално здравје, вклучува балансирана исхрана, активен начин на живот, периодични одмори од работа во тек на денот, редовен и мирен сон, развој на внатрешен мир и самодоверба. Да се биде реалистичен кон желбите и можностите, да се почитуват сопствените граници на можното и невозможното, да се користи креативноста за избегнување на стресови, да се мисли позитивно, да се почитува а непочитувањето да се избегнува, да се биде во добро друштво со позитивни луѓе, да се чита, да се учи, да се работи тоа што ви предизвикува задоволство.

АКТИВЕН, СРЕЌЕН И УСПЕШЕН ЖИВОТ НЕ Е ВОЗМОЖЕН БЕЗ СИЛНО И СТАБИЛНО МЕНТАЛНО-ЕМОЦИОНАЛНО ЗДРАВЈЕ !

Треба да се знае дека физичкото здравје од голема мера зависи од доброто ментално и емоционално здравје, и обратно, доброто физичко здравје го зајакнува ментално и емоционалното здравје.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

PËRKUFIZIM I SHËNDETIT MENDOR !
by Anella Novamed
...

 

 

Политика на колачиња

Оваа политика за колачиња на нашата веб-страница lekovita.mk објаснува што се интернет колачиња, какви видови колачиња користиме, како и за што ги користиме, кои информации се собират со нив, за што се користат тие информации и како можете да ги подесувате преференциите на колачињата.

 

ШТО СЕ ИНТЕРНЕТ КОЛАЧИЊА ?

Колачиња се мали текстуални датотеки што се користат за складирање на одредена информација. Тие се сместуваат во вашиот уред (прелистувач) кога ја посетувате нашата веб-страница. Овие колачиња ни помагаат веб-страницата да функционира нормално, да ја направиме побезбедна, функционална и да разбереме како работи истата. Да анализираме каде има грешки и каде има потреба за подобрување.

 

КОИ ВИДОВИ НА КОЛАЧИЊА КОРИСТИМЕ ?

Нашата веб-страна користи есенцијални колачиња, статистички колачиња и колачиња за преференции:

Есенцијалните колачиња се претежно неопходни за нашата веб-страна да функционира на вистински начин и да е заштитена. Тие не собираат никакви ваши лични податоци.

Колачињата за статистика што се користат на нашата веб-страница служат за да се анализира ефикасноста на веб-страницата и начинот како комуницирате со истата, за подобрување на нашите услуги, за обезбедување подобри информации и содржини што се релевантни за вас, едноставно да ви обезбедуваме и понудиме подобар пристап како корисник.

Колачињата за преференции, се користат за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

 

ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ?

Ние користиме есенцијални колачиња, за целосна функционалност на нашата веб-страница.

Овие колачиња се неопходни за да може да ја искусите целата функционалност на нашата страница. Овие колачиња овозможуваат веб-страницата да е постојано активна, сигурна и да се спречи било каков неавторизиран пристап или нехумано дејство врз истата.

 

Колачиња за анализа и статистика, за подобрување на услугите во нашата веб-страница.

Овие колачиња (Google Analytics) ги собират следниве информации како што се број на посетители, страници и постове кои се посетени, извор на посетата, времетраење на посетата, честотата на недостапност на веб-страницата, вид и модел на уредот со кој се пристапува, вид на оперативен систем, вид на пребарувач и верзија, јазик на пребарувачот, држава и град од каде се посетува веб-страницата итн. Овие податоци ни помагаат да разбереме и анализираме колку добро работи веб-страницата, колку се вреднува нашиот труд и каде има потреба за подобрување.

 

Колачиња за преференции, за лесен и побрз пристап на нашата веб страница.

Овие колачиња ни помагаат да ги зачуваме вашите поставки и преференции на прелистување, за да имате подобро и ефикасно искуство при идните посети на нашата веб-страница.

 

КОНТРОЛИРАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА КОЛАЧИЊА !

Информациите собрани во нашата страница lekovita.mk со помош на интернет колачињата , не се користат за Ваше лично идентификување. Доколку сакате, овие колачиња може да ги блокирате или избришете, но во тој случај некои карактеристики и функционалности на веб-страницата можеби нема да функционират правилно.

Сите видови на интернет прелистувачи нудат можност за бришење на веќе меморираните колачиња и секогаш ја имате таа можност да ја користите!