Хроничен стрес и гастроинтестиналниот систем

Хроничниот стрес има длабоко влијание врз гастроинтестиналниот систем, предизвикувајќи нарушувања во неговото функционирање преку неколку механизми кои влијаат на варењето и интегритетот на гастроинтестиналната слузница. Овој тип на стрес доведува до активирање на автономниот нервен систем, особено на симпатичкиот дел, кој го поттикнува ослободувањето на хормони како адреналин и кортизол. Овие хормони предизвикуваат промени во дигестивниот тракт, вклучувајќи намалена перисталтика, зголемено производство на гастрична киселина и слабеење на заштитната функција на гастричната слузница. Пептичните улкуси се рани кои се формираат во слузницата на желудникот или дуоденумот, а хроничниот стрес е важен фактор во нивниот развој. Иако главниот етиолошки фактор за пептичните улкуси е инфекција со Helicobacter pylori или долготрајна употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ), хроничниот стрес дополнително го влошува процесот на чир преку неколку механизми:

 

  • Прво, под влијание на стрес. се зголемува лачењето на гастрин, што го стимулира производството на киселина во желудникот. Вишокот киселина ја оштетува заштитната мукозна бариера, што доведува до појава на чирови.
  • Второ, кортизолот и другите хормони на стрес го намалуваат производството на слуз и бикарбонат, што ја ослабува природната одбрана на желудникот од киселините, правејќи ја слузницата на желудникот подложна на ерозија и улцерации.
  • Трето, стресот може да доведе до намалување на моторната активност на гастроинтестиналниот тракт, што предизвикува стагнација во варењето и продолжен контакт на киселината со слузницата, зголемувајќи го ризикот од чиреви. Хроничниот стрес исто така игра важна улога во развојот и прогресијата на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ).

Хроничниот стрес игра клучна улога во развојот на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) преку неколку механизми. Прво, зголеменото ниво на хормони на стрес, како што е кортизолот, доведува до зголемено производство на стомачна киселина, што може да го зголеми притисокот во гастроинтестиналниот тракт и да придонесе за слабеење на долниот езофагеален сфинктер. Оваа мускулна структура игра клучна улога во спречувањето на содржината на желудникот да се врати во хранопроводникот, но кога ќе се ослабат од стрес, стомачната киселина и храната лесно може да се враќа, предизвикувајќи симптоми на рефлукс. Понатаму, хроничниот стрес го зголемува нивото на системско воспаление преку ослободување на проинфламаторни цитокини како што се интерлеукин-6 (IL-6) и тумор некроза фактор алфа (TNF-α). Овие молекули можат да го влошат воспалението на слузницата на хранопроводникот, придонесувајќи за хронично оштетување и зголемувајќи го ризикот од езофагитис, па дури и од Барет-ов хранопровод, што е премалигна состојба.

Сподели со пријатели! | Shpërndaje me miqtë!