“ Bежбање “

Вежбањето не само што е пријатна активност, туку и силно влијае врз општото здравје. Вежбањето е долгорочен здрав начин на живот, го подобрува физичкото и менталното здравје. Дополнително, го засилува имунолошкиот систем, го подобрува сонот, придонесува за позитивна ментална состојба, помага во контролирање на телесната тежината, а исто така помага во подобрување на циркулацијата на крвта со што допринесува за подобар доток на кислород до сите органи и делови на телото. Правилното и редовното вежбање придонесува за подобрување на храносмилателната система, кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, уринарниот систем, ендокриниот систем и локомоторниот систем. Исто така, редовното вежбање го намалува ризикот од разни акутни и хронични заболувања. Вежбањето не е хоби, вежбањето е еден од најценетите начини да се одржи здрав начин на живот, здраво тело и здрав дух.

Сподели со пријатели! | Shpërndaje me miqtë!